Search

Се смеам на такси муабети после афтер

Горан Михајловски е музичар и консултант. Така ни се престави кога му кажавме дека фотографираме насмевки на граѓани. Сонува за долг сон и се смее со таксисти.

„Сакам да имам осум часовен непрекинат сон секоја ноќ, за да одморам конечно. Она што ме смее се такси муабетите наутро после афтер. Ама знам често да се насмеам и на луѓе кои преминуваат крстосница дијагонално поради потенцијална „зеброфобија“.- изјави Горан за рубриката „Насмевни се“

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни