Психопати во училиштата- општество кое фаворизира насилство ги уништува вредностите

„Врсничкото насилство е темпирана бомба. Веројатно тој бил во долгорочна депресија и се соочувал со проблеми со социјализација. Во општество каде што се фаворизира насилството во сите облици и во општество каде вредностите се поставени сосема поинаку, сегашните системи за поддршка не се доволни.“

По ужасната трагедија во која загинаа осум деца откако врз нив оган отвори нивниот 14-годишен соученик од ОУ „Владимир Рибникар“ во Врачар, многумина психолози, педагози, па дури и социолози порачуваат со децата да се разговара што повеќе. Во отсуство на информација за конкретната причина и мотивите повеќето се согласуваат ддка сторителот е дете кое било осамено.

Коментирајќи го масакрот во основното училиште во Врачар, социологот Љубо Лепир за српските медиуми вели дека 14-годишното момче сигурно имало поттик за таков чин.

„Ќе видиме во наредните денови дека поединци од неговото опкружување, почнувајќи од наставниците, педагозите и околината, забележале нешто. Врсничкото насилство е исто темпирана бомба. Веројатно тој бил во долгорочна депресија и се соочувал со проблеми со социјализација. Во општество каде што се фаворизира насилството во сите облици и во општество каде вредностите се поставени сосема поинаку, сегашните системи за поддршка не се доволни“-  анализира Лепир.

Тој напоменува дека е важно да се работи и со родителите, бидејќи тие немаат доволно капацитет да одговорат на сето ова.

„Не можеме и без негативното влијание на интернетот. Мораме да најдеме механизми за да одговориме конкретно. Често го занемаруваме системот на социјална политика. Тоа е концептот на социјална заштита. Ние ги сведовме компетентните институции на класични административни институции кои даваат помош. Каде е стручната работа, психолози и социјални работници во училиштата? Слушаме само за дефектолози. Овие деца се производ и нивните постапки се последица на нас, институциите пред се, семејството и оние кои создаваат соодветни механизми за реакција“ – објаснува Лепир.

Според него, ваквите ситуации бараат поинакви одговорности од државните институции.

„Веќе почна приказната дека не само што бил мирно момче, туку и добар ученик. Стандардна е приказната, но очигледно има проблеми. Слушнав изјави од неговите врсници дека не биле изненадени од ова и дека биле во состојба на исчекување кога следната темпирана бомба ќе експлодира“- смета социологот.

Тој додава дека ова е глобален феномен кој доаѓа во нашиот регион, кој е неподготвен да пречека вакви и слични ситуации. -„Тоа е дете, а не зрела личност. Треба да го ставиме на исто ниво и критички да ја набљудуваме улогата на семејството, училиштето, системот и поддршката, што не е доволно“- предупредува Лепир.

Од друга страна, психолохот Радомир Чолаковиќ се сомнева на растројство на личноста веќе некое време. -„Треба да се истражи што се случило, но имам некои претпоставки. Тоа што некој е вознемирен не може да се случи преку ноќ, тоа е нешто ситуационо, нешто го терало… Не излегува од ведро небо. Сега треба да провериме во какво општество бил, како знаел да ракува со пиштол, а оружјето за толку млад човек е додаток кој ја менува самодовербата. Како што беше речено, пронашле и запаливи средства, неколку чаури, тоа било планирано… Тој се подготвувал за овој чин, што значи дека морал да има некој систем на разум, тоа не се случило инцидентно“ – оценува Чолаковиќ.

Фотографија: EPA-EFE

Тој додава дека на она што се случи му претходеле голем број фактори. -„Работев како психолог во разни училишта, реков дека ќе се случат страшни работи, малку се работи и се што е досега направено и кај нас и во светот е само теорија. Им реков: има психопати меѓу учениците, меѓу професорите“– искрен е Чолаковиќ кога зборува за трагедијата во Белград. Тој пренесува дека тоа можело да се спречи само ако децата внимателно се следат и врз основа на нивното однесување се создаде слика за нивната личност.

„Ова не е нарушен вредносен систем, туку е воспоставен нов вредносен систем. Еден Кристијан Голубовиќ ни држи лекции, ве молам… Длабоко сме во калта на вредносен систем што ни се удира од глава, укажува Чолаковиќ на опасноста која демне од иднината. Ваквата ситуација за босанските портали ја коментира социологот Срѓан Вукадиновиќ, кој истакна дека тоа е одраз на она што децата го гледаат на социјалните мрежи.

„Погрешно е да се каже дека ваквото однесување доаѓа само од семејството или тесните кругови на социјализација, бидејќи тоа е застарена приказна, ова е многу посериозна работа. Ова е колапс на едно општество“ – загрижен е Вукадиновиќ. Според него емпатијата е загубена, а разбирање има се помалку и додава дека треба да се внимава на појавата на овие фактори.

„Децата кои се уште не влегле како што треба во животот, кога гледаат некакво однесување, ќе го копираат. Социјалните мрежи стануваат нешто што создава начин на живот – истакнува Вукадиновиќ.

Фотографија: AFP/Profimedia

Училишниот психолог, Бранка Тишма, го потенцира значењето на семејството и блиските.

„Неговата одлука е страшна и зборува за осаменоста, дека немал на кого да се потпре. Што и да било, ова дете не комуницирало со другите. Не го споделувал своето искуство и преку пукањето ослободил дел од своите чувства. Факт е дека не разговарал со другите, не споделувал. Кога си лут, кога си очаен, имаш моменти кога се повлекуваш, но има и моменти кога иницираш или кога другите инсистираат на започнување разговор. Не мора да го споделувате точно она што го мислите, туку споделете некој гнев, некаква тага, а тој не го направил тоа. Тој недостаток на комуникација, осаменост, чувство на неприпадност се само можните причини кои доведоа до она што сега е најтешко да се разбере“- Тишма пробува да најде објаснување за причините за нападот.

Според неа многу е важно родителите да зборуваат за проблемите што ги има детето на училиште и важно е да го споделат и она што ги мачи, а не само кога има добра оценка или добра вест. Генералната порака на сите соговорници кои деновиве коментираат и советуваат како до подобри деца е дека родителите, без исклучок за каква тема станува збор, мора да разговараат постојано со своите деца.

Најново

Последни колумни