Германија откри хепатит А во овошје од Србија

Во соопштението се наведува и дека во уредени држави вакви пропусти би значеле строги казни за производителите и ладилниците, но и смени во врвот на надлежното министерство. Хепатит А е вирусно заболување кое најчесто се пренесува преку контаминирана храна или вода, како и поради лоши хигиенски услови.

Опозициската партија Србија центар (СРЦЕ) соопшти дека во Германија бил откриен вирус на хепатит А во замрзната мешавина од шумско овошје увезена од Србија и побара итна одговорност од надлежните институции во Белград. Во реакцијата на Одборот за земјоделство на партијата се наведува дека станува збор за „директна последица на пропусти во хигиенскиот синџир при бербата и пакувањето“.

Од СРЦЕ посочуваат дека ова е втор случај за помалку од десет дена во кој во производи извезени од Србија кон земјите на Европската Унија се откриваат супстанци штетни за здравјето.

„Очигледно е дека контролата потфрлила. Кај овошјето, контролата почнува уште кај производителот, а мора да се проверува хигиената на луѓето кои го берат, работат на приемот, селекцијата и складирањето, како и хигиената на гајбите, приколките за транспорт и ладилниците“, наведуваат од партијата.

Тие бараат преку бар-кодот на извозникот веднаш да се утврди за која ладилница станува збор, а преку кодот на земјоделското стопанство и откупниот лист да се идентификува и производителот на овошјето. Од СРЦЕ оценуваат дека во „модерен производствен синџир не постои непознат виновник“ и додаваат дека доколку изостанала контролата при извозот, тогаш одговорноста директно паѓа врз Министерство за земјоделство на Србија.

Во соопштението се наведува и дека во уредени држави вакви пропусти би значеле строги казни за производителите и ладилниците, но и смени во врвот на надлежното министерство. Хепатит А е вирусно заболување кое најчесто се пренесува преку контаминирана храна или вода, како и поради лоши хигиенски услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс