Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во остар вербален судир со новинар на прес-конференција во Белата куќа, нарекувајќи го „глупак“ откако доби прашање за неговите постојани отстапки кон Владимир Путин. Додека Москва редовно ги игнорира роковите на Вашингтон за прекин на огнот во Украина, прашањето за границите на тоа попуштање предизвика нервозна реакција пред камерите и целосно прекинување на разговорот со телевизиската мрежа.
Инцидентот се случи откако новинарот на мрежата „MS Now“ го потсети Трамп дека во изминатите 22 месеци рускиот претседател Владимир Путин ги игнорираше сите поставени рокови за директен состанок со Володимир Зеленски и прекин на огнот. На директното прашање до кога ќе трае таквото подмирување на Кремљ, американскиот претседател одговори со контрапрашање дали Путин војува директно против САД. Веднаш потоа премина кон лични дисквалификации, ја нарече телевизијата „лажна мрежа“ и го нарече репортерот „глупак“, по што им даде збор на другите присутни медиуми.
Q: Putin has repeatedly ignored your demands, yet you– TRUMP: Well, has he been fighting us in the war? Q: At what point does appeasement– TRUMP: Who are you with? Q: MS NOW TRUMP: MS NOW is a fake deal. You’re a fake network. What a joke you are. https://t.co/H3SrNu05OM
— Aaron Rupar (@atrupar) November 9, 2026
Тезата на Трамп дека Русија не делува против американските сили не се совпаѓа со податоците на теренот. Извештаите на новинската агенција „Associated Press“ и телевизијата „CNN“ документираа дека руските воени сателити споделувале прецизни координати со Иран за движењето на американските воени бродови и авиони на Блискиот Исток. Со помош на тие разузнавачки податоци од Москва, иранските сили изведоа директни ракетни удари врз бази во кои беа убиени американски војници, што дополнително ги урива тврдењата дека Кремљ не е директна закана за Вашингтон.
Реакцијата на Трамп доаѓа во период на зголемена политичка тензија во Вашингтон по загубата на републиканското мнозинство во Конгресот. Белата куќа месеци наназад врши притисок врз Киев за територијални отстапки преку условување на воената помош, додека руските сили ги интензивираат нападите врз украинската енергетска мрежа. Паралелно со тоа, целосно пропадна и најавениот договор со Путин за увоз на руски дизел, со кој администрацијата планираше да ги намали цените на горивата на домашниот пазар, оставајќи ја американската надворешна политика без клучен резултат на двата фронта.
