Зеленски: Најмалку шестмина загинати во еден од најголемите руски напади со над 800 дронови врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија извршила масовен напад со над 800 дронови низ Украина, при што загинале најмалку шест лица, а десетици се повредени. Нападот, според Киев, е еден од најинтензивните од почетокот на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Русија извршила еден од најдолгите и најмасовните напади од почетокот на војната, при што биле лансирани повеќе од 800 беспилотни летала низ различни делови од Украина. Според неговите информации, во нападите животот го загубиле најмалку шест лица, додека десетици други се повредени во неколку украински региони.

Зеленски на социјалната мрежа X напиша дека ваквиот напад не може да се смета за случајност, особено во период на засилени меѓународни политички активности. „Секако не може да се нарече случајност што еден од најдолгите масовни руски напади врз Украина се случува токму во момент кога американскиот претседател пристигна во посета на Кина. Во овој тежок геополитички момент, Русија очигледно се обидува да ја наруши политичката атмосфера и да го сврти вниманието кон своите постапки“, напиша Зеленски. Тој додаде дека нападите траеле во текот на целиот ден и биле изведувани во бранови, со посебен фокус на региони блиску до границите на земјите членки на НАТО.

Според него, досега се потврдени десетици повредени, меѓу кои има и деца, а нападите продолжиле и по првичните бранови.

„Најмалку 800 руски беспилотни летала се лансирани од полноќ, а нападот сè уште трае, со дополнителни дронови што влегуваат во воздушниот простор на земјата“, наведе украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека целта на Русија е да ги преоптовари украинските системи за воздушна одбрана и да предизвика што е можно поголема штета и страдање кај цивилното население. Тој повика меѓународната заедница јасно да ги разбере, како што рече, вистинските намери на Русија и да продолжи со политички и дипломатски притисок за запирање на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс