Search

Прошетките со сопругот и насмевките на детето секогаш ме смеат

Габриела е невработена наставничка од Скопје. Додека ја фотографиравме насмеана ни пренесе дека сонува луѓето постојано да се насмеани и љубезни во однесувањето.

„Она што ме смее во животот е поврзано со моето семејство. Најмногу се смеам со насмевката на моето дете, но и со неговата прегратка. Ме смеат и долгите прошетки и разговори со сопругот“ – изјави Габриела за рубриката „Насмевни се“.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни