Природните катастрофи во Кина предизвикаа штети од 25,7 милијарди евра, стотици загинати и исчезнати

Тајфуните, поплавите, обилните дождови и геолошките катастрофи предизвикале огромни економски загуби во првите девет месеци од 2026 година, соопшти кинеското Министерство за управување со вонредни ситуации.

Природните катастрофи во Кина во првите девет месеци од 2026 година предизвикале директни економски загуби од 199,36 милијарди јуани, односно околу 25,7 милијарди евра, соопшти кинеското Министерство за управување со вонредни ситуации.

Меѓу главните причини за штетите се тајфуните, поплавите, обилните врнежи и геолошките катастрофи, пренесува „Ројтерс“.


Министерството објави и дека во катастрофата што во август ги погоди областите на Непал и Тибет загинале или исчезнале вкупно 562 лица. Овој број е непроменет во однос на претходниот официјален извештај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс