Почна закажувањето термини за исплата на осигурените депозити на клиентите на Алта банка во Србија

Клиентите на банката Алта, која е во стечај, од утрово можат да закажат термин за подигнување на осигурените депозити преку порталот на Поштенска штедионица. Исплатата треба да почне утре, 13 ноември, а осигурени се износи до 50.000 евра по депонент.

д утрово е достапен порталот на српската Поштенска штедионица преку кој клиентите на Алта банка, која е во стечај, можат да закажат термин за исплата на осигурените депозити. Порталот е достапен на интернет-адресата www.posted.co.rs, а исплатата, според претходните најави, треба да почне утре, на 13 ноември.

Поштенска штедионица ќе ги врши исплатите во име и за сметка на Агенцијата за осигурување депозити на Србија. Право на исплата имаат физичките лица, претприемачите, како и микро, малите и средните правни лица, до осигурениот износ од 50.000 евра по депонент.

Исплатните места се избрани според распоредот на поранешната мрежа на Алта банка, која имала 19 експозитури – седум во Белград и 12 во други градови. Дополнително, ќе бидат ангажирани и капацитетите на Поштенска штедионица во местата каде што има потреба од исплата.

Во Нови Сад за исплатата ќе бидат ангажирани сите седум експозитури на Поштенска штедионица, додека во Ниш се предвидени три, наместо една, колку што имала Алта банка. Исплата ќе се организира и во Сомбор, каде што Алта немала експозитура, но има значителен број нејзини клиенти.

Во Белград за исплата се определени 31 експозитура, вклучувајќи ја и новоотворената специјализирана експозитура во седиштето на Поштенска штедионица, на улицата Кралице Марије бр. 3. Таа има 28 шалтери и ќе биде наменета исклучиво за оваа постапка.

За подигнување на средствата, клиентите треба да приложат важечка лична карта или пасош, како и оригинален документ со кој се докажува дека имаат сметка или депозит во Алта банка. Тоа може да биде договор за тековна сметка, депозит или штедење, штедна книшка, картичка од денарска или девизна сметка, или друг валиден документ со кој се потврдува побарувањето, согласно упатствата на Агенцијата за осигурување депозити.

Претприемачите и микро, малите и средните правни лица треба да приложат и оригинален документ за сметката или депозитот, идентификациски документ на застапникот или овластеното лице, како и оригинал или заверена копија од ОП-образецот. Доколку барањето го поднесува лице кое не е регистриран застапник, потребно е и соодветно овластување.


За пренос на средствата во евра на сметка во друга домашна банка, клиентите треба да ги подготват и инструкциите од банката во која ја имаат отворено девизната сметка. Правото за поднесување барање за исплата на осигурените депозити на клиентите на Алта банка може да се оствари до 3 ноември 2029 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс