Кривични пријави против три девојки за малтретирањето малолетничка во Куманово

Случајот со насилството врз 14-годишно девојче во Куманово е почнува да се расчистува. Полицијата поднесе кривична пријава против трите осомничени.
Фото: МВР

Меѓу нив е 18-годишна девојка од селото Лојане, општина Липково. Другите две се малолетнички, на 14 и 15 години, од Куманово. Трите девојчиња се сомничат за кривичното дело „насилство”, казниво по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 13 март оваа година, околу 18 часот. Осомничените ја повикале жртвата да излезе од дома. Потоа ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана”.

Штом влегла, девојчето прво било изложено на навреди и понижување. Потоа трите осомничени физички ја нападнале, додека една од нив со телефон го снимала целиот напад.

По насилството, дошле и заканите. Пријавените ѝ порачале на жртвата да не пријавува и никому да не зборува за снимката. Се заканиле дека последиците ќе бидат уште потешки, доколку тоа сепак го стори, или ако видеото стане јавно.

Полицијата ги обезбедила доказите, а кривичната пријава сега е во рацете на надлежното јавно обвинителство.

Овој случај не е изолиран. Веќе пишувавме за тоа зошто тинејџери сè почесто снимаат насилство врз свои врсници, и зошто феноменот, познат како „happy slapping”, не е нов ниту специфичен само за Македонија. Повеќе за тоа зошто ова се случува, прочитајте тука.

е-Трн да боцка во твојот инбокс