Русија веќе ја користи својата сателитска мрежа „Расвет“ за воени комуникации над Украина, соопшти украинското воено разузнавање за Ројтерс.
Според Киев, системот овозможува размена на податоци со беспилотните летала, што би можело да ја зголеми прецизноста на нападите и да го отежне електронското попречување. Извидувачките дронови би пренесувале информации во реално време, а операторите би ги пренасочувале ударните летала додека летаат.
Мрежата засега обезбедува повремена врска, кога сателитите минуваат над соодветното подрачје. Според украинското разузнавање, Русија годинава лансирала 32 сателити.
Компанијата „Биро 1440“, која го координира проектот, планира над 900 сателити до 2035 година. Украина воведе санкции против десет компании вклучени во развојот.
