Kонкурс за визуелни уметности во Културно Информативен Центар – Скопје

Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност објавува конкурс за визуелни уметности (самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси), што ќе се реализираат во 2025 годиина.

Заинтересираните уметници, на еден документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис (we transfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела (во висока резолуција) планирани за изложбата (доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус). Материјалите да се испратат на: likovna@kic.mk.

Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно Информативен Центар – Скопје не изложувале во последните две години.

Конкурсот трае 14 дена.

Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни