Анима Мунди: Каде исчезнаа кучињата од улиците во Прилеп?

Анима Мунди реагира на, како што наведува, масовно заловување на мирни и познати маалски кучиња во Прилеп и бара од институциите да одговорат каде се однесени животните.

Од здружението велат дека граѓани ги бараат своите маалски кучиња, меѓу кои и Лиска, за која тврдат дека била заловена на 17 септември. Според нивните информации, граѓани потоа отишле во прифатилиштето со намера да ја вдомат, но таму не ја нашле.

Анима Мунди бара од ЈКП „Комуналец“ да достави податоци за заловените кучиња, нивниот транспорт, ветеринарниот третман и конечниот исход. Посебно бараат информации за Лиска, Душко, Светле, Симба, Белка, Поко, Ноли и Шарка.

Од здружението информираат дека побарале информации и од Агенцијата за храна и ветеринарство, МВР и Општина Прилеп, со цел да се утврди што се случувало со кучињата во периодот од 1 до 23 септември.

„Кучињата не се предмети. Нивната судбина не може да биде тајна“, порачуваат од Анима Мунди, барајќи целосно утврдување на фактите и одговорност доколку се утврди незаконско постапување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс