Силен земјотрес од 7,3 степени го затресе Мексико

Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени го затресе јужниот дел на Мексико попладнево, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Тресењето било почувствувано и во соседните земjи Гватемала и Ел Салвадор.

Епицентарот беше лоциран 48 километри југозападно од Акилес Сердан, град во мексиканската крajбрежна сојузна држава Чиапас, на длабочина од околу 15 километри, во близина на пристанишниот град Пуерто Мадеро, само 13 километри од границата со Гватемала. Земјотресот предизвикал умерено до силно тресење долж крajбрежjeто, со видеа на социјалните мрежи кои прикажуваат силно нишање на згради во моментот на потресот.

Центарот за предупредување за цунами во Пацификот предупреди дека опасни бранови цунами се можни во радиус од 300 километри од епицентарот, при што бранови до еден метар над нивото на плимата се можни за брeговите на Гватемала и Мексико.

Мексиканскиот министер за морнарица, Рајмундо Педро Моралес Анхелес, изjaви дека нема посериозна штета во земjата по земјотресот.

„Нема сериозна штета. Што се однесува до морските услови, се очекува нивото на водата на некои плажи да се крене за до половина метар поради земјотресот. Јавноста се советува засега да остане подалеку од плажите”, изjaви тој, обраќajки се на крajот од дневната утринска прес-конференција на претседателката Клаудија Шajнбaум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс