Во Германија трендот на зголемување на електричните возила продолжи и годинава, за што сведочат податоците дека во првата половина од 2023 година се регистрирани над 220.000 електрични автомобили, што е зголемување за 30 отсто во однос на истиот период минатата година, стои на веб-страницата на Германското здружение за управување со енергија и вода (BDEW).
Според Здружението, во оваа земја има повеќе од доволно јавни станици за полнење на електрични возила. Поточно, од 1 јули тековната година на корисниците им се достапни 100.838 јавни полначи со вкупно 4,5 гигавати инсталирана моќност за полнење.
Во Германија веќе е инсталиран двојно поголем капацитет за полнење од барањата на Европската унија. Во споредба со 2019 година, тројно е зголемен капацитетот за полнење на возилата и станиците.
Полначите повеќе не можат да бидат изговор како пречка за постигнување на климатските цели, поради што стратегијата од 15 милиони електрични автомобили до 2030 година треба да биде насочена директно кон возилата.
Истражувањето на BDEW покажува дека високите цени на возилата и временскиот период на нивната испорака продолжуваат да бидат проблем за потенцијалните корисници.
Извор: energetskiportal.rs