Септемвриските пензии ќе бидат повисоки за три отсто

Кај пензија од 20.000 денари, три отсто значат дополнителни 600 денари, а кај пензија од 30.000 денари зголемувањето би било 900 денари

Септемвриските пензии ќе се зголемат за три отсто, потврди директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов.

Зголемувањето ќе се пресмета на септемвриската пензија, која се исплаќа на почетокот на октомври.

Станува збор за редовно процентуално усогласување. Износот што ќе го добие секој пензионер зависи од неговата досегашна пензија: кај пензија од 20.000 денари, три отсто значат дополнителни 600 денари, а кај пензија од 30.000 денари зголемувањето би бил 900 денари.

Пензиите законски се усогласуваат двапати годишно, во март и во септември. При пресметката подеднакво се земаат предвид растот на просечната плата и движењето на трошоците на живот.

Во изминатите две години пензиите во четири наврати беа зголемувани линеарно, за што беше поднесена и претставка до Уставниот суд.

Минатата година Уставниот суд отвори постапка за оценување на решенијата поврзани со линеарното зголемување, но во март 2026 година постапката беше запрена бидејќи не беше обезбедено мнозинство за донесување одлука.

е-Трн да боцка во твојот инбокс