Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Фудбалот и храната ова лето одат рака под рака, носејќи ја атмосферата од стадионите директно во дневната соба. Со Wolt, навивачките вечери стануваат целосно искуство – без да се пропушти ниту една акција на теренот.

На прв поглед, храната и фудбалот немаат многу заедничко, но и двете носат силна емоција што обединува луѓе, создава атмосфера и создава моменти што се паметат долго по последниот свиреж. Додека едното се споделува на маса, другото се следи со срце, но кога ќе се спојат, се добива типична навивачка вечер исполнета со енергија, дружење и заеднички реакции на секоја акција.

Ова фудбалско лето носи и посебна регионална емоција, бидејќи дел од навивачите со голем интерес ги следат настапите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Симпатијата кон тимовите од регионот дополнително ја засилува атмосферата, па секој натпревар станува повод за собирање, коментари, анализи и споделување на емоции, како на терен така и пред екранот.

Од таа навивачка енергија произлегува и креативната инспирација на актерот Стефан Николовски, кој во хумористичното видео „Како си зборуваат екс ју државите меѓу себе“ на забавен начин ја прикажува регионалната поврзаност преку фудбалот. Во видеото тој влегува во различни улоги и преку хумор покажува како лесно се разбираме сè додека не се појават различни толкувања на зборови и ситуации.

Но, токму во тоа лежи и суштината на фудбалските вечери – различни мислења, различни емоции и една заедничка сцена пред телевизорот. Некој ја анализира тактиката, некој се расправа за судиски одлуки, некој прогнозира резултат, а некој едноставно ужива во друштвото и прашува што ќе се јаде. Во сето тоа, храната станува подеднакво важен дел од атмосферата како и самиот натпревар.

Токму тука се вклучува Wolt, не како прекин на навивањето, туку како негов дел. Додека трае натпреварот, додека се водат расправи за офсајд или пенал, храната, грицките и пијалаците пристигнуваат директно до дома без никој да ја пропушти најважната акција. Покрај ресторанските нарачки, преку Wolt се достапни и производи од супермаркети, што значи дека сè што е потребно за комплетно match-day искуство може да стигне до врата, додека навивањето продолжува без прекин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс