Финансиски бум за четири хороскопски знаци: парите пристигнуваат до 14 ноември

Младата Месечина во Скорпија на 9 ноември и крајот на ретроградните Меркур и Венера носат финансиско олеснување за четири хороскопски знаци. До 14 ноември парите ќе им стигнат на Вагите, Скорпиите, Девиците и Стрелците.

Се приближува младата Месечина во Скорпија на 9 ноември, а положбата на планетите на дел од хороскопските знаци ќе им донесе добри вести за паричникот. Според астролозите, одредени знаци до 14 ноември ќе имаат можност да заработат и да ги средат своите финансии.

Пред нас е последната недела од ретроградните Меркур и Венера, што значи дека полека завршува неизвесниот период за секакви трансакции, договори и документација. Со нивното враќање во директно движење, работите што изгледале заглавени конечно ќе почнат да се раздвижуваат.

Вагите, Скорпиите, Девиците и Стрелците ќе имаат прилика да заработат пари во наредните седум дена. Секој од нив, сепак, ќе ја почувствува оваа поволна енергија на свој начин.

Вагите конечно можат да воздивнат. Сезоната на Скорпијата и Меркур, кој тргнува напред, им носат решение за финансиските компликации што траат уште од 24 октомври. Плаќањата што доцнеле и договорите што стоеле би можеле конечно да се реализираат.

Скорпиите оваа недела се вистински миленици на ѕвездите. Младата Месечина во нивниот знак им носи среќа на сите полиња, па ќе успеат да останат финансиски стабилни. Особено исплатлива може да им биде соработката со Лавовите.

Девиците ги очекува крај на финансиските маки, бидејќи Венера наскоро тргнува напред. Парите можеби ќе доцнат, но сигурно ќе стигнат, па треба само уште малку трпение.


Стрелците нема да имаат финансиски компликации. И покрај грижите околу трошоците, неделата ќе биде продуктивна, а трудот вложен во овие денови би можел да донесе добри резултати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс