Македонски државјанин бил уапсен во Србија откако со камион учествувал во тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден возач на итна медицинска помош од Врање.
Несреќата се случила додека возилото на Брзата помош превезувало дете кон Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Возачот на амбулантното возило, роден во 1985 година, по ударот се здобил со тешки повреди и моментално се наоѓа во стабилна состојба, но лекарите и понатаму се борат за неговото здравје.
Повредениот возач е приклучен на апарати за вештачко дишење и е хоспитализиран на Клиниката за анестезија при Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што бил префрлен по првичниот третман во Општата болница во Лесковац.
Според информациите од српските медиуми, осомничениот македонски државјанин денеска бил уапсен, а полицијата му одредила притвор во траење од 48 часа.