Search

Внимание, 11 Октомври: Ако секоја генерација има своја битка, за што се борат денес младите?

Велат, секоја генерација има своја битка. Ако битката на генерацијата млади партизани и партизанки во 1941 беше битка за слобода и за држава, за што се борат денес младите?

Во чест на 11 Октомври, Денот на народното востание, студентите од УКИМ одговараат на следниве прашања во третата анкета на „Внимание, внимание“: Дали битката на младите партизани од 1941 ги мотивира денешните млади генерации? Која е најважната битка на денешните генерации? Ќе ја добиеме ли битката за членство во ЕУ?

Дел од студентите се мотивирани од храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на младите партизани, но дел воопшто не ги интересира историја, туку исклучиво иднина и подобро утре.

Студентите велат дека се борат за подобро утре, за свое место под сонцето во нашата држава. Се борат да го завршат факултетот, да се вработат, да успеат во животот. Некои се борат да не мора да е се политички или партиски определени.

Иако некои студенти не се сигурни дали ќе ја добиеме битката за влез во ЕУ, повеќето од нив се оптимисти и ги истакнуваат придобивките од влез во Унијата: поголеми можности за студирање, економски, бизнис и финансиски придобивки, културни придобивки, итн.

„За да го исчистиме туѓиот двор, треба да почнеме од својот“, истакнува еден студент.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни