Скопје добива повеќе летови: „Визер“ со седми авион и линии до Сицилија и Сардинија

„Визер“ ја прошири базата во Скопје со седми авион и воведе нови линии до Палермо и Алгеро. Николоски најави дека македонските аеродроми можат да достигнат 4 милиони патници годишно.

аеродром се позиционира меѓу најголемите бази на компанијата.

Додавањето нов авион во базата значи повеќе дестинации, поголем број летови и зголемена поврзаност на Македонија со европските градови. Со новиот капацитет веќе се отворени две линии кон Италија — Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија, чии први летови беа реализирани на 15 и 18 јули.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оцени дека станува збор за големо достигнување, со кое, како што рече, не можат да се пофалат ниту многу национални авиокомпании.

Скопје меѓу најголемите бази на „Визер“

Николоски на прес-конференција на Скопскиот аеродром изјави дека базата на „Визер“ во Скопје е меѓу најголемите што ги има компанијата.

„Ако не се лажам, ова е трета најголема база којашто Визер воопшто ја има и се надевам за многу брзо време Скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на авиони коишто се поставени на аеродромот“, рече Николоски.

Тој додаде дека „Визер“ практично станал национален авиопревозник на Македонија, бидејќи, како што посочи, тоа го покажуваат и бројките и дестинациите.

Нови линии од Скопје до Палермо и Алгеро

Со проширувањето на базата, „Визер“ веќе ги реализираше првите летови кон две нови италијански дестинации.

Од Скопје сега може да се лета до Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија, линии што беа воведени благодарение на дополнителниот авион во базата.

Николоски потсети дека во последните две години се воспоставени повеќе нови дестинации од македонските аеродроми, а најновите две линии се реализираа токму оваа недела.

Целта е 4 милиони патници годишно

Според Николоски, растот на бројот на патници покажува дека ваквите резултати не се случајни, туку се резултат на заедничка работа.

„Само компанијата Визер, ако минатата година превезе милион и 700.000 патници, веќе за првите шест месеци оваа година превезе 1,2 милиони патници, што јасно го покажува растот“, изјави тој.

Во првите шест месеци од годината, преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале околу два милиона патници.

„Ако пред неколку години се боревме за 2 милиона патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се 4 милиони патници годишно, е нешто што реално е остварливо“, рече Николоски.

ТАВ: Секој нов авион носи нови работни места

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, оцени дека седмиот авион во базата на „Визер“ е многу повеќе од оперативна одлука.

Според него, тоа е потврда за потенцијалот на Македонија, за партнерството меѓу ТАВ Македонија и „Визер“, но и јасен сигнал за иднината на домашниот воздухопловен сектор.

„Секој дополнителен авион создава нови работни места за пилоти, кабински персонал, земски служби, техничко одржување и аеродромски услуги“, рече Курт.

Тој додаде дека зголемениот авиосообраќај влијае и врз туризмот, угостителството, транспортот и трговијата, бидејќи повеќе патници значат повеќе гости, посетители и приходи за локалните компании.

Скопје и Охрид со речиси два милиона патници за шест месеци

Од ТАВ Македонија посочуваат дека, меѓу 15-те аеродроми со кои управува ТАВ Аеродроми, Македонија годинава бележи највисок раст на бројот на патници.

Во првите шест месеци од 2026 година, аеродромите во Скопје и Охрид заедно опслужиле речиси два милиона патници и реализирале повеќе од 13.000 летови.

Тоа претставува раст од 28 проценти во патничкиот сообраќај и 7,6 проценти во бројот на летови во споредба со истиот период минатата година.

Курт нагласи дека зад овие бројки стојат милиони лични патувања — луѓе кои ги посетуваат семејствата и пријателите, туристи кои отк

е-Трн да боцка во твојот инбокс