Search

Видео: Кит за кој се смета дека е исчезнат 200 години ненадејно e забележан во океанот

Кит за кој се верува дека е исчезнат од Атлантскиот Океан веќе 200 години, ненадејно е виден како плива во близина на Нантакет минатата недела. Оваа глетка ги запрепасти и воодушеви морските експерти кои беа сведоци на тоа.

Cивите китови се исчезнати од Атлантскиот Океан уште од 1700-тите. Сивиот кит кој беше забележан на брегот на Флорида во декември, експертите веруваат дека е истиот кит виден минатата недела.

Тимот за воздушно истражување на Њу Ингланд Аквариум го видел китот во петокот на 1 март и го фотографирал додека тој постојано се губел и излегувал на површина.

„Неможев да поверувам во она што го гледам, бидејќи ова животно беше нешто што навистина не треба да постои во овие води“, истакна истражувачката техничарка Кејт Лаемл во соопштението. „Се смеевме поради тоа колку возбудливо беше ова, да се види животно кое е исчезнато од Атлантикот пред стотици години.’’

Од Аквариумот во Њу Ингланд одговорија на некои од прашањата кои беа упатени до нив.

Климатските промени би можеле да бидат причината поради која китовите се враќаат во Атлантскиот Океан. Китот веројатно патувал низ Северозападниот премин, пат кој ги поврзува двата океани низ Арктичкиот океан. Глобалното затоплување предизвика Северозападниот премин да остане без мраз во текот на летните месеци, овозможувајќи им на сивите китови слободен пат кон Атлантикот.

„Појавата на овој кит нагласува колку е важно секое истражување. Ние очекуваме да забележиме некои нови видови на китови но океанот е динамичен екосистем и никогаш не знаете што ќе видите. „Појавата на овие сиви китови во Атлантикот служат како потсетник за тоа колку брзо морските видови реагираат на климатските промени.

Затоплувањето на океанските води ги загрижува климатските експерти за голем број фактори, вклучително и неговото влијание врз зајакнувањето на тропските бури, неговото уништување на коралните гребени и влијанието на топењето на морскиот мраз.

This image has an empty alt attribute; its file name is extinct-gray-whale-tout-030624-d7cc819fa77f4957a41102e1200e827d-1024x683.jpg

Извор: https://www.newsweek.com/whale-missing-200-years-suddenly-spotted-ocean-1876104

Најново

Последни колумни