На Унгарија ѝ се заканува енергетска криза: Нискиот водостој на Дунав ја загрозува нуклеарната електрана Пакс

Рекордно нискиот водостој на Дунав ја загрозува работата на нуклеарната електрана „Пакс“, која произведува речиси половина од електричната енергија во Унгарија.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар предупреди дека нуклеарната електрана „Пакс“ би можела целосно да престане со работа во наредните денови поради недостиг на вода од Дунав, која е неопходна за ладење на реакторите. Владата веќе подготвува итни мерки доколку состојбата не се подобри.

Според операторот на електраната, целосното исклучување би можело да стане неизбежно во рок од 24 до 72 часа ако водостојот остане на критично ниско ниво. Во моментов, „Пакс“ работи со помалку од половина од својот капацитет, иако обезбедува речиси 50 проценти од електричната енергија во земјата.

Маѓар ги повика граѓаните и институциите доброволно да ја намалат потрошувачката на електрична енергија за да се избегнат потешки последици.

Кризата е резултат на продолжениот топлотен бран и сушата што ја зафатија централна Европа, предизвикувајќи историски низок водостој на Дунав. Освен што го отежнува речниот сообраќај, оваа состојба влијае и врз производството на електрична енергија во Унгарија и соседна Романија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс