Пропадна климатскиот самит на ОН, државите се разидоа околу фосилните горива

ЕУ и други држави го отфрлија завршниот предлог на COP31 во Анталија, сметајќи дека не предвидува доволно решителни мерки.

Климатската конференција на ОН COP31 заврши без договор, по повеќе од две недели преговори и продолжување на разговорите за време на викендот, пренесуваат светските медиуми.

Клучниот спор беше барањето завршниот документ изрично да повика на постепено напуштање на фосилните горива. Производителите на нафта, меѓу кои Саудиска Арабија, се спротивставија. ЕУ и други држави го оценија понудениот текст како недоволно амбициозен.

Турција и Австралија, кои претседаваа со конференцијата, не успеаја да обезбедат консензус. Нерешени останаа и прашањата за електрификацијата и финансиската помош за земјите во развој.

Предлогот признаваше дека светот се движи кон надминување на затоплувањето од 1,5 степен и повикуваше на развој на технологии за отстранување јаглерод диоксид од атмосферата.


Неуспехот во Анталија ги остава претходно преземените климатски обврски во сила, но државите заминуваат без нов заеднички политички договор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс