Тројно убиство во Подгорица

Полицијата соопшти дека интензивно работи на расветлување на настаните поврзани со откривањето на три безживотни тела

Три лица загинале во наслебата Стар Аеродром во Подгорица, јавуваат црногорските медиуми.

Полицијата спроведува истрага на улицата Козарачка, каде што се случила пукотницата, додаваат тие.

Полицијата соопшти дека интензивно работи на расветлување на настаните поврзани со откривањето на три безживотни тела, а по сторителот интензивно се трага.

„Денес во Подгорица, во населбата Стар Аеродром, беа пронајдени три безживотни тела – тројца возрасни мажи чиј идентитет ни е познат. Службеници на Одделот за безбедност на Подгорица, во соработка со Регионалниот безбедносен центар Север и во координација со надлежното Вишо државно обвинителство во Подгорица, преземаат сите потребни мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан. Според досегашните сознанија, овој настан не е поврзан со активностите на криминални структури, додека полицијата има информации за идентитетот на осомничениот за кривично дело и по него интензивно се трага“, изјавија тие.

Неофицијално, според пишувања на дел од медиумите се работи за пресметка на криминалните банди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни