Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа и на други места, ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 2 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 18 до 24 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи околу 7 степени во утринските часови, а во текот на денот ќе достигне до околу 21 степен.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови се очекува промена на времето, со зголемена можност за врнежи од дожд, особено во четврток и петок.
