Трамп доби одговор на контроверзното видео – Палестинскиот Мар-а-Лаго

Лидер на арапско-американска заедница, кој не сакаше да биде именуван, направи сатирично видео „Палестинскиот Мар-а-Лаго“, како одговор на видеото креирано со вештачка интелигенција и објавено од Доналд Трамп за како тој замислува да изгледа Газа.

Анонимниот автор го сподели видеото „Палестинскиот Мар-а-Лаго“ со порталот „Тајмс оф Израел“, кој го објави.

Водачот на арапско-американската заедница објасни дека одговорот ја исмева желбата на Трамп да „наметне надворешна култура на Газа додека таа не е подготвена да го прифати истото дома“.

Додека „Газа на Трамп“ беше придружена со техно музика, музиката во позадина во „Палестинскиот Мар-а-Лаго“ е ориентална и нуди обиколка на луксузното одморалиште на Трамп во Флорида, со она што нараторот го опишува како „пресврт“.

„Тоа е трансформирано во енергична прослава на палестинската култура“, извикува нараторот, истакнувајќи дека одморалиштето е украсено со палестински знамиња, статуи на поранешниот претседател на палестинската управа Јасер Арафат и палестинскиот народ.

Видеото ја прикажува реконструкцијата на Појасот Газа, од урнатини до урбано место со високи згради, хотели и раздвижени пазари, додека од врвовите на зградите се веат палестински знамиња.

Нараторот наведува дека не се работи само за визуелниот изглед, туку дека тоа е потсетник на издржливоста и духот на палестинскиот народ, како и мешавина од убавина, култура и малку политичка сатира.

Прикажани се и насмеани палестински деца со родителите или сами, држејќи балони со зборовите „Ја сакам Газа“, додека милијардерот Илон Маск нервозно ја држи за глава, а Трамп луто вика „на камерата“.

Клипот завршува со анимиран приказ на Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зад решетки во портокалови затворски костуми.

Видеото што претходно го објави Трамп се чини дека е приказ на неговата контроверзна понуда Вашингтон да ја преземе контролата врз Газа, да ги премести нејзините жители и да ја претвори енклавата во „Ривиера на Блискиот Исток“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни