Траект и брод се судрија кај Крит

И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени, ниту пак дошло до истекување гориво или загадување на морето

Траект полн со патници утрвово се судрил со товарен брод во пристаниште на грчкиот остров Крит.

Во моментот на несреќата, траектот „ Елирос “ испловувал на редовна линија кон Пиреј со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Истовремено, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристанување во пристаништето.

И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени, ниту пак дошло до истекување гориво или загадување на морето.

Товарниот брод по инцидентот е закотвен во пристаништето во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои дошло до судирот.

За двата брода привремено е забрането испловување додека не се извршат технички прегледи и не се издаде потврда за пловидбена способност

е-Трн да боцка во твојот инбокс