Тојота ја шокираше конкуренцијата со нов електричен автомобил по неверојатна цена!

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота одлучи да направи спектакуларен влез на пазарот на електрични автомобили. Имено, на кинескиот пазар го понуди својот најнов SUV модел, B33H по шокантна цена која не надминува 14.000 евра.

За само 60 минути пристигнаа повеќе од 10.000 нарачки за новиот автомобил Тојота, поради што серверот каде што се примаа нарачките падна.


Новото електрично возило е долго дури 4600 mm (1850 mm широк и 1600 mm високо), со меѓуоскино растојание од 2.765 милиметри. Значи, тоа е голем SUV кој моментално чини најмалку три пати повеќе во Европа.

Основната верзија „430Er“ со батерија од 50 киловатчасови може да помине до 430 километри. Додека помоќните верзии, со подобра опрема и батерија од 68 киловат часови, можат да поминат 610 километри. Достапна е и верзија со батерија од 58 киловат часови и домет од 520 километри. Цената на помоќната варијанта е 20.250 евра.

Новиот теренец на Toyota има и 8,8-инчен дигитален табла со инструменти и огромен 14,6-инчен централен екран на допир во кабината. Автомобилот е дизајниран во соработка со кинеската компанија GAC и користи електричен мотор од 150 киловати или 200 КС. Батеријата може да се наполни од 30 до 80 проценти за само 24 минути, пренесува „Карњуз“.

Се уште не е познато кога овој модел ќе се појави на европскиот пазар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни