Нè очекува посвеж, но стабилен викенд со сонце и северен ветер

Температурите ќе се движат до 30 степени, а во Скопје претпладне се очекуваат и повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Ќе дува засилен, а во делови од котлината повремено и силен ветер од северен правец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс