Утре вечер „Архангел“ ја носи „Срцевина“ во Скопје

Големиот концерт „Срцевина“ ќе се одржи на стадионот на АРМ, а настапот носи и нова музичка соработка меѓу Ристо Вртев и Васил Хаџиманов.

„Архангел“ утре вечер ќе го одржи големиот самостоен концерт „Срцевина“ на стадионот на АРМ во Скопје.

Како специјални гости на концертот ќе настапат регионално признатиот пијанист и композитор Васил Хаџиманов и неговиот бенд.

Гостувањето доаѓа како резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на „Архангел“, Ристо Вртев, и Хаџиманов. Со тоа концертот добива дополнителна ексклузивност за публиката.

Според најавите, дел од новиот материјал што се создава во Белград наскоро ќе биде претставен и пред македонската публика.

Вртев посочува дека отворањето на сопствениот креативен процес кон други врвни музичари претставува ново и возбудливо авторско искуство.

Токму оваа соработка со Хаџиманов ја отвора следната фаза во музичката приказна на „Архангел“.

Настапот на Васил Хаџиманов и неговиот бенд е едно од музичките изненадувања што го најавуваат концертот „Срцевина“, кој веќе предизвикува голем интерес кај љубителите на алтернативната и современата музичка сцена во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс