Супертајфунот „Бави“ ги погоди Маријански Острови, носејќи екстремни ветрови и обилни врнежи кои предизвикаа сериозна закана од поплави и штети. Олујата ги зафати клучните острови Гуам, Тинијан, Сејпан и Рота, кои се дел од стратешки важен регион под американска администрација.
Ветрови до речиси 300 км/ч
Според американската метеоролошка служба National Weather Service, брзината на ветровите достигнала до 290 километри на час, со можни удари и до 346 км/ч, што олујата ја прави една од најсилните во регионот. Најсилниот удар бил регистриран на островот Рота, каде што се очекуваат и најголеми штети.
На островот Гуам се отворени евакуациски центри, додека жителите на погодените области се повикани да побараат засолниште. Се очекуваат врнежи од 30 до 51 сантиметар дожд, што значително го зголемува ризикот од бујични поплави во наредните денови.
Маријанските Острови се важна воена зона за САД, со неколку клучни воени бази, меѓу кои и базата „Андесен“ и базата на американските маринци „Камп Блаз“, кои исто така се на патот на силната бура.