Маж во Србија починал од струен удар додека го миел автомобилот

Настраданиот, 47-годишен жител на Земун, стоел на мокра трева кога вклучил машина за миење под притисок во дворот на пријатели.

Бојан Ќ. (47) од Земун почина вчера околу 19 часот во населбата Мала Моштаница кај Обреновец, во Србија, откако доживеа струен удар додека миеше автомобил во дворот на пријатели. Стоел на мокра трева кога ја вклучил машината за миење под притисок. Лекарскиот тим на Домот на здравје во Обреновец можел само да ја констатира смртта.

Пријателите веднаш ја повикале Итната помош на Домот на здравје Обреновец. Медицинскиот тим брзо пристигнал на лице место, но на Бојан Ќ. не можело да му се помогне.

Полицијата извршила увид на местото на настанот. Телото било предадено на семејството, без обдукција, откако службено било утврдено дека смртта настапила како последица на несреќен случај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс