Стејт департментот со глобално предупредување: Американците да бидат особено внимателни

Стејт департментот ги повика американските државјани ширум светот на зголемена претпазливост поради ескалацијата на конфликтот со Иран и нестабилната безбедносна состојба.

Американскиот Стејт департмент издаде глобално безбедносно предупредување, повикувајќи ги американските државјани да бидат особено внимателни поради ескалацијата на конфликтот со Иран.

Во соопштението се наведува дека безбедносната состојба на Блискиот Исток останува непредвидлива и постои ризик од натамошна ескалација. Американските власти препорачуваат граѓаните внимателно да ги преиспитаат патувањата кон регионот или транзитот низ него.

Стејт департментот предупредува и на зголемен ризик од напади врз американски дипломатски претставништва, како и врз објекти поврзани со Соединетите Американски Држави и нивните државјани во различни делови од светот.

Во меѓувреме, борбите на Блискиот Исток повторно се интензивираа по прекинот на примирјето, што придонесе цените на нафтата да достигнат највисоко ниво во последниот месец. Според светските агенции, Иран повторно воведе блокада на Ормутскиот Теснец, додека САД возвратија со нови ограничувања кон иранските пристаништа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс