Српската дијаспора убедливо ја поддржала студентската листа на изборите во странство, покажуваат конечните резултати што ги објави Републичката изборна комисија (РИК). Листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ освоила 57.756 гласови, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 19.763 гласа. Тоа значи дека студентската листа освоила речиси трипати повеќе гласови од политичкиот блок предводен од Вучиќ.
Според податоците на РИК, на кои се повикува „Блиц“, разликата меѓу двете листи изнесува 37.993 гласа.
Речиси 80.000 гласачи излегле на изборите во странство
Обработени се сите извештаи од 93 избирачки места во странство. Од вкупно 102.147 регистрирани гласачи, на изборите излегле 79.597 лица. Во гласачките кутии биле пронајдени 79.587 ливчиња. Од нив, 304 биле прогласени за неважечки, додека 79.283 биле важечки.
Студентската листа ја освоила убедливо најголемата поддршка меѓу гласачите во странство, со предност од речиси 38.000 гласови пред листата на Вучиќ.
