Скопје денеска и утре е домаќин на AGRO EXPO 2026, саем посветен на современото земјоделство, новите технологии и домашното производство на храна. Под мотото „Земјоделството на иднината. Денес.“, настанот ќе понуди презентации на 15 европски проекти, претставување современи земјоделски технологии и механизација, како и изложба на домашни земјоделски производи и храна.
На официјалното отворање најавено е присуството на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и проектниот лидер на ЦААИВЕ, Илија Вучков.
AGRO EXPO 2026 има за цел да ги поврзе земјоделските производители, институциите и проектите што работат на развојот на секторот, со фокус на иновациите, современите технологии и иднината на земјоделството.
