Хрватска и БиХ потпишаа договор за соработка во итната медицина

Министрите за здравство на двете земји го официјализираа документот за прекугранична грижа на животно загрозени пациенти.
Фото: hzhm.hr

Хрватското Министерство за здравство и Федералното министерство за здравство на Босна и Херцеговина денеска потпишаа договор за соработка во итната медицина. Целта на овој документ е континуитет и унапредување на прекуграничното медицинско згрижување на пациенти кои се во животозагрозувачка состојба.

Документот за соработка го потпишаа хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ и федералниот министер за здравство на БиХ, Недиљко Римац. Договорот директно се однесува на итното медицинско згрижување на хрватски државјани кои се наоѓаат на подрачјето на Дубровничко-неретванската и Сплитско-далматинската жупанија.

Медицинските интервенции според овој договор ги покриваат оние пациенти на кои им е неопходна итна реакција поради неочекувана болест, страдање или тешка повреда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс