Темни облаци се спуштија врз Загреб. Хрватската метеоролошка агенција издаде предупредувања.
Фронт што носи нестабилно време веќе зафати делови од Меѓумурје и Загорје утрово, а непосредно пред пладне силни ветрови стигнаа до Загреб.
Силноот ветер корнел дрвја, кревал покриви и го прекина трамвајскиот сообраќај на повеќе локации низ градот, јавуваат хрватските медиуми.
Во делови од Загреб паднале дрвја врз трамвајските линии, поради што бил прекинат сообраќајот на Савска и Максимирска.
Проблеми имало и поради паднат електричен кабел во Микулиќи. Граѓани објавија снимки од откорнати ќерамиди и оштетени покриви во населбата Шпанско.
Хидрометеоролшкиот завод на Хрватска издаде портокалови предупредувања за регионите Карловац, Загреб и Осиек за денес, и жолти предупредувања за остатокот од земјата.