Токму затоа не ти треба комплицирана банка. Ти треба Zipp Club, кој едноставно ќе се вклопи во твоето темпо. Тука е кога ти треба, ти врши работа за неколку секунди и, најважно, секогаш ти носи нешто плус.
Zipp Club на Комерцијална банка е за сите млади до 29 години, кои сакаат брзо и дигитално банкарство, повеќе слобода и бенефити што навистина можат да ги користат.
Почнува со картичка. Но, не завршува таму.
Zipp Mastercard Debit World е бесплатна премиум дебитна картичка изработена од еко пластика, а можеш да ја избереш во два различни дизајни. Детаљ, можеби. Но, кога нешто го носиш со себе секој ден, зошто да не биде по твоја желба?
Со неа плаќаш дома, онлајн или каде било во светот, дури и кога картичката не е со тебе. Со Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay, доволни се телефонот или часовникот, кои сигурно се секогаш со тебе.
Не заборавај да ги побараш продажните места означени како Zipp Spots затоа што со твојата Zipp картичка добиваш специјални попусти! А, со Mastercard Travel Rewards добиваш кешбек и попусти при патување во странство. И уште една многу важна и добра работа – со секое плаќање со Zipp Mastercard Debit World собираш поени за кешбек или подарок картичка преку BonusBox програмата за лојалност.
Телефонот веќе ти организира сè, па може и финансиите
Кога веќе целиот ден ти е на телефонот, логично е таму да бидат и твојата сметка, твојата заштеда и многу повеќе од тоа. А, со Zipp Club сите овие работи ги имаш на телефон, без одење во банка и без хартија.
И тоа целосно бесплатно ако си невработен, а ако веќе работиш, Zipp пакетот чини само 30 денари месечно.
Што значи бесплатно? Значи бесплатна сметка, бесплатна Zipp мБанка за следење на твоите пари 24/7, плаќања без провизија, на пример за упис на факултет, потврда или партиципација, бесплатна обнова на картичка и повлекување готовина на банкомат на Комерцијална банка.
Кога си на кафе или вечера со друштво, немаш пресметки или „ќе ти вратам утре“. Префрлаш пари на пријател само со телефонски број, делиш сметка со другарите без кеш и за сите плаќања и приливи добиваш бесплатни нотификации.
Ова важи и кога си на некое друго место во светот. Како член на Zipp Club имаш пристап до VIP зони на повеќе од 1.500 аеродроми. Така и времето меѓу два лета станува попријатен дел од патувањето.
Добриот lifestyle не е само каде патуваш и што купуваш, туку и како се чувствуваш. Zipp Club те носи на настани на кои можеш да се едуцираш, релаксираш или активираш за позитивни промени. Плус, тука се и наградните игри за концерти, патувања и други изненадувања.
На крајот, најдобрите работи што ги собираме се искуствата. Твојот lifestyle со Zipp Club добива сосема нова димензија. Дополнет и со твојот глас за проекти што се важни за младите, а за кои Комерцијална банка потоа донира пари.
Дел од Zipp Club можеш да станеш за неколку минути. Активирај го пакетот за млади онлајн преку мБанка или Интернет банка, како и со електронска идентификација преку OneID.
И тоа е целата идеја на Zipp Club – банката да не е мака во твоето секојдневие. Затоа што кога животот е во движење, добро е и банката да го следи твоето темпо.
