Граѓаните на социјалните мрежи се загрижени и вознемирени, бидејќи гори на сред град, во непосредна близина на домови на граѓаните, но и на бензинска пумпа и електрични инсталации.
Тие упатуваат повици со помош до градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со цел да се спречи пожарот да ги зафати нивните домови.
Од Центарот за управување со кризи уверуваат дека нема простор за вознемиреност и дека пожарникарите се веќе на терен. Од таму најавуваат дека до крајот на денот пожарот ќе биде целосно изгаснат.
„Нема потреба од вознемиреност и покрај тоа што чад се гледа од речиси цело Скопје. Се надевам дека храбрите скопски пожарникари набргу ќе го изгаснат. Пожарот се шири на сите страни . Имаме апсурдна ситуација, шумски пожар во градот Скопје, нешто што досега го немам видено.“ изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.