Search

Се смее со кумот и сонува за вело патеки

Скопјанецот Ваљон Керими е вработен во шелтерот за кучиња „Лајка“. Слободното време го користи за возење велосипед.

„Сонувам за велосипедски патеки низ сите скопски населби, особено на улица „Серава“ каде што живеам. Инаку се смеам најмногу со кумот кога одиме на кафе“- изјави Керими за „Насмевни се“.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни