Школка во Градскиот парк вчера беше место за разговор, дружење и активности за деца и родители, но и простор за една порака што во време на сè поголема изложеност на младите на насилство и омраза станува сè поважна: омразата не заслужува простор.
Во рамките на настанот „Родителска средба без оценки“ беа отворени теми поврзани со родителството, децата и начинот на кој возрасните можат да придонесат за побезбедна и попозитивна средина за нивно растење.

Наместо класична родителска средба на која фокусот најчесто е ставен врз училишниот успех, оценките и обврските, концептот понуди простор за разговор за теми што се многу пошироки од училишниот дневник.
Паралелно со разговорите и панел-дискусиите, за најмладите беа организирани активности и забава, со што настанот беше замислен како простор во кој родителите и децата можат да бидат заедно, но и да разговараат за прашања што ги засегаат во секојдневието.

Кога насилството добива публика
Настанот се одржа во рамките на пошироката иницијатива на Македонски Телеком за создавање побезбедна средина за младите, без насилство и омраза. Компанијата со почетокот на новата учебна година ја започна кампањата „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.“, насочена кон превенција на врсничкото насилство и омразата во дигиталниот простор.
Фокусот на кампањата е и врз улогата на оние што го гледаат насилството – особено во дигиталниот простор и прашањето дали со молчењето, снимањето или споделувањето несвесно стануваат дел од неговото ширење. Оттука и пораката што ја носеше вчерашниот настан во Школка: насилството не треба да има публика, а омразата не треба да добива дополнителен простор.

Разговор наместо осуда
„Родителска средба без оценки“ го помести фокусот од прашањето колку едно дете постигнува кон прашањето каква средина му создаваме. Зашто разговорот за насилството, омразата и безбедноста на децата не може да остане само во училиштето или на интернет.
Почнува и дома со начинот на кој родителите разговараат со деца