Прекини на вода во Карпош и Чучер Сандево, без струја делови од Гази Баба и Драчево

Екипите на „Водовод и канализација“ ќе работат на водоводната мрежа на две локации, додека ЕВН најави планирани технички активности во делови од две скопски општини.

Дел од жителите на Карпош и Чучер Сандево денеска ќе останат без вода, додека прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени во делови од Гази Баба и Драчево.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во Чучер Сандево, поради поставување регулатор за притисок на водоводна мрежа на улицата Призренска бб, од 8:30 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето за дел од корисниците на улицата Призренска и во населбата Кучевишка Бара. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.

Без вода ќе останат и дел од корисниците на улицата Ванчо Мицков и дел од улицата Демир Трајко во Карпош. Причината е изведување водоводен приклучок, а прекинот ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работите.

Каде ќе има прекин на струјата?

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички активности денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на следните локации: Гази Баба: улиците Стојна Стефкова, Јајце и Ордан Чопела, поради работи во трафостаниците ТС 4 и ТС 5. Кисела Вода – Драчево: улицата Корџевска, поради работи на електричната мрежа.


Од ЕВН не е наведен точниот временски период во кој ќе траат прекините на електричната енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс