Search

По повод светскиот ден на планетата Земја, Прајслес планет апелира за заштита и спас на зеленилото

Прајслес планет коалицијата е партнерство на компании посветени на борбата против климатските промени и обновувањето на животната средина. Предводена од Mastercard, оваа коалиција има за цел да засади 100 милиони дрвја во текот на пет години и да помогне во обновувањето на 1000 хектари мангрови шуми,како и многу други иницијативи
Icon ecology cycle
Шумите ги регулираат светските циклуси на кислород и јаглерод и ја контролираат локалната и регионалната клима преку размена на вода и енергија со атмосферата.
Icon forest
Враќањето на шумите на планетата е економично и високо ефикасно решение за ублажување на влијанието на глобалните емисии на стакленички гасови.
Icon shield with green leaves
Со оглед на огромната количина на CO2 складирана од дрвјата и континуираната закана од уништување на шумите во најранливите области на Земјата, постои огромен ризик доколку заштитата и реставрацијата на шумите не станат глобален приоритет.
Icon tree planting
Одржливото обновување на шумите, исто така, помага да се намали појавата на катастрофи поврзани со климата, како што се пожари и поплави.
Icon piggy bank
Растечките дрвја им носат економска вредност на локалното население: до 30 долари за секој 1 долар инвестиран во обновување на земјиштето.

Фокусирање на области со најголема глобална потреба за реставрација

„Коалицијата Прајслес планет ќе употреби модел за обновување на шумите, посветен не само на засадување на 100 милиони дрвја, туку и на повторното растење на шумите во деловите од планетата кои имаат најголема потреба за реставрација. Подрачјата со најголем потенцијал за позитивни влијанија врз целите на климата, заедницата и биолошката разновидност ќе бидат приоритети додека се обидуваме да ги обновиме шумите ширум светот.“

„Водени од (Conservation International) и (World Resources Institute), ќе користиме најдобрите практики засновани на науката за избор, имплементација и долгорочно следење на нашите напори за реставрација. Токму овој пристап веруваме дека ја издвојува Коалицијата Прајслес планет, и во нејзиниот обем и во квалитетот на работата што планираме да ја преземеме.“

Иако климатските промени влијаат врз секој човек на планетава, пределите каде што владее сиромаштијата и загаденоста се на прво место. Затоа оваа коалиција работи на 6 континтенти истовремено со определени локации каде ќе ги реставрира шумите.

Извор:„https://www.mastercard.us/en-us/vision/corp-responsibility/priceless-planet.html

Најново

Последни колумни