Search

Пловете сончеви електрани можат да ја покриваат целосната потрошувачка на енергија?

Одредени земји имаат огромен потенцијал кога станува збор за пловечки соларни централи, а новото истражување покажува дека некои од нив би можеле целосно да зависат од овој извор на енергија.

Истражувачите од универзитетите Бангор и Ланкастер и Центарот за екологија и хидрологија на Велика Британија сакаа да го пресметаат глобалниот потенцијал за изградба на пловечки соларни централи со низок јаглероден отпечаток.

Нивната студија, објавена во списанието Nature Water, опфати речиси 68.000 езера и акумулации ширум светот кои се погодни за инсталирање пловечки соларни панели бидејќи се наоѓаат во близина на населени области, не се во заштитени подрачја и ги исполнуваат другите критериуми за одржливост.

Земајќи ги предвид сите фактори како што се надморска височина, географска широчина и сезона, научниците пресметале дека потенцијалното годишно производство на електрична енергија од пловечки соларни фарми е 1.302 терават часови годишно, што е околу четири пати повеќе од вкупната годишна побарувачка на електрична енергија на ОК.

Истражувањето покажа дека Папуа Нова Гвинеја, Етиопија и Руанда би можеле да ги задоволат целокупните потреби за електрична енергија од пловечки соларни централи, додека Боливија и Тонга би биле многу блиску, со проценети 87 и 92 проценти соодветно.

Во Европа, Финска на овој начин би можела да задоволи 17 отсто од својата побарувачка за електрична енергија, Данска седум отсто, а Велика Британија само еден отсто.

Експертите проценуваат дека пловечките соларни централи имаат голем број на предности во споредба со оние што се инсталирани на земја и покриви.

Покрај тоа што го спречуваат прекумерното испарување на водата за време на топлите денови, соларните панели на водните површини го ограничуваат протокот на светлина и со тоа го намалуваат цутот на алгите. Во прилог на соларните централи на вода е фактот што тие ослободуваат земјиште за други намени. Од друга страна, водата ги лади соларните панели, овозможувајќи им да функционираат поефикасно.

Сепак, многу научници се согласуваат дека се потребни повеќе истражувања за влијанијата врз животната средина на пловечките соларни централи.

Фото: pexels

Најново

Последни колумни