ОН: Цивилните жртви во Украина пораснале за 37 отсто во првата половина на 2026

Цивилните жртви во војната меѓу Русија и Украина пораснаа за 37 отсто во првата половина на годината.
Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Руските ракетни и дронски напади сè почесто погаѓаат градови и заедници далеку од линијата на фронтот во Украина. Даниел Бел, шефица на Мисијата за следење на човековите права на ОН во Украина, изjaви пред новинари во Женева дека мисиjaта документирала 1.396 убиени цивили и 7.978 повредени во Украина во текот на првите шест месеци.

Бројката претставува 37 проценти пораст во однос на истиот период лани и скоро двојно повеќе во однос на 2024 година, изjaви Бел. Ескалациjaта делумно е поттикната од зголемената употреба на далекусежни балистички ракети и дронови, кои сè почесто гаѓаат густо населени урбани подрачja далеку од линијата на фронтот. Особено значаен е растот на жртвите од краткодометни дронови, кои во истиот период пораснаа за 65 отсто, при што вакви напади убиле 418 цивили и повредиле уште 2.437, наспроти 218 убиени и 1.511 повредени во истиот период лани.

Бел раскажа дека за време на неодамнешни посети на Запорошjе, Херсон, Харков и Днипро, цивилите им кажале на набљудувачите на ОН дека се чувствуваат следени од FPV-дронови додека вршат обични секojaневни активности, работа во градина, шетање кучиња, хранење животни, одење во продавница, возење, шетање или возење велосипед. Портпаролот на Канцелариjaта на ОН за човекови права, Тамин ал-Кхетан, потсети дека цивилите и цивилната инфраструктура се строго заштитени според меѓународното хуманитарно право, и дека секој намерен напад врз нив претставува воен злочин, повикувајќи на истраги за сите напади, и во Украина и во Русиja, каде цивили биле погодени, убиени или повредени.

Според официjaлните податоци на руските власти, цитирани од ОН, а засновани на веродостоjни отворени руски извори, 250 цивили се убиени, а 1.596 повредени во напади внатре во Русиja во истиот период, пораст од 121 отсто во однос на минатата година. Русиja и Украина, кои и двете негираат дека намерно ги таргетираат цивилите, ги засилиja секojaневните удари во последниве месеци, додека преговорите предводени од САД за завршување на скоро четиригодишниот конфликт остануваат блокирани, а вниманието на Вашингтон во голема мера е свртено кон војната со Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс