Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства на жени и два обида за убиство во селата на општина Старо Нагоричане, на денешното рочиште во Основниот суд во Куманово изјавил дека убил три жени. Претходно, на почетокот на судењето, тој се изјасни дека не е виновен.
Неговиот исказ денеска бил нејасен во делот за тоа кои дела ги признава, пишува порталот СДК.мк Бојковски најпрво негирал дека убил една од жените, а подоцна негирал и друго убиство. Тој тврди дека мотив му биле пари, додека обвинителството застапува поинакви наводи за мотивот. Обвинителот Љубомир Лапе изјави дека обвинението го поткрепуваат и други материјални докази.
На рочиштето бил сослушан и психијатарот Стојан Бајрактаров, кој го потврдил вештиот наод дека обвинетиот бил пресметлив. Судот го одбил барањето на одбраната при неговото испитување да присуствува логопед или толкувач.
Завршните зборови се закажани за 6 октомври. Тогаш обвинителството и одбраната ќе ги изложат своите ставови пред судот да донесе пресуда