Нови случаи на семејно насилство: 16 годишна ќерка ги пријавила своите родители

Семејно насилство било пријавено и во Скопје и тоа од 16 годишна девојка која ги пријавила своите родители

Во текот на иминатото деноноќие низ државата пријавени се неколку случаи на семејно насилство, информираат од МВР.

Во Кратово, 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46) од селото.

Во друг случај, приведен бил и маж од Струмица, затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и нејзината мајка.

Семејно насилство било пријавено и во Скопје и тоа од 16 годишна девојка која ги пријавила своите родители.


„На 12.11.2026 во 09:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Н.(53) и В.Н.(54), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од нивната 16-годишна малолетна ќерка дека во домот нејзиниот татко А.Н. физички ја нападнал, а нејзината мајка подолг временски период психички ја вознемирувала. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопштија од МВР

е-Трн да боцка во твојот инбокс