На 50 илустрирани страници, сликовницата ги обработува предизвиците со кои се соочува живиот свет под влијание на современиот начин на живот, нагласувајќи ги заедништвото, солидарноста и грижата за животната средина.
Преку динамична и разиграна приказна, шумските животни се здружуваат за да го заштитат својот дом, а важна улога во нивното заедничко дејствување има пишаниот збор.
Сликовницата има за цел на децата да им ја доближи важноста на зачувувањето на природата, поттикнувајќи ја нивната љубопитност, одговорност и љубов кон животната средина.
„Шумскиот весник Буково гласило“ наскоро ќе биде достапна во книжарниците во Скопје.
