Според првичните информации, пожарот избувнал во објект што се користи како куќа и магацин, а огнот зафатил повеќе магацински простории.
„РЦУК – Скопје известува дека кај Бит-пазар гори куќа и во моментот БППЗ на Град Скопје интервенира со шест противпожарни возила. Поради зафатеноста на пожарникарите, подетални информации ќе добиеме подоцна“, соопштија од ЦУК.
Според информациите што ги објави „Прес24“, нема повредени лица.
Телевизијата Alsat објави видеоснимка од пожарот, на која се гледа огнот што го зафатил објектот во близина на Бит-пазар.
Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за висината на материјалната штета.
Се очекуваат дополнителни информации од надлежните служби за текот на интервенцијата и последиците од пожарот.
