Објавена листата на најдобри земји за живеење, Швајцарија на врвот

Финансиската компанија Ремитли го објави индексот за имиграција за 2026 година, во кој Швајцарија е прогласена за најдобра земја за преселба, додека Хрватска се најде меѓу најдобрите земји за семеен живот.

Финансиската компанија Ремитли го објави својот индекс за имиграција за 2026 година, во кој се анализирани 82 земји според 34 различни показатели, меѓу кои трошоци за живот, безбедност, здравствен систем, плати, образование и квалитет на живот. На врвот на листата оваа година се најде Швајцарија, која е оценета како најдобра земја во светот за преселба.

Според анализата, Швајцарија се издвојува по високите приходи, силниот здравствен систем, високото ниво на безбедност и развиената инфраструктура за странци.

Европските земји доминираат на листата

На второто место се наоѓа Исланд, кој добил високи оценки поради квалитетот на живот, безбедноста и семејните политики. Трет е Луксембург, благодарение на високите плати, стабилноста и јавната инфраструктура.Меѓу првите пет се и Австралија и Германија.

Останатите земји во топ 10 се: Ирска, Соединетите Американски Држави, Данска, Норвешка и Шпанија.

Хрватска меѓу најдобрите за семеен живот

Кога станува збор за условите за семејства, Шпанија е рангирана како најдобра држава. Во оваа категорија се анализирани: образовниот систем, породилното и татковското отсуство, трошоците за грижа за деца и бројот на меѓународни училишта.

Хрватска се најде на 10. место во светот според квалитетот на живот за семејства, додека на вкупната листа за преселба е рангирана на 31. место.

Покрај Хрватска, меѓу десетте најдобри земји за семејства се: Кина, Соединетите Американски Држави, Шри Ланка, Обединетите Арапски Емирати, Австралија, Бангладеш, Обединетото Кралство и Исланд.

Каде животот е најисплатлив?

Рангирањето ги анализирало и земјите со најдобар баланс меѓу трошоците за живот и приходите. Во оваа категорија прво место зазела Саудиска Арабија, благодарение на високите плати и пониските трошоци за домување.

Во Европа најдобро рангирани се: Норвешка, Данска, Луксембург и рска.

Истражувањето покажува дека сè повеќе луѓе при изборот на држава за преселба покрај економските услови ги земаат предвид и безбедноста, квалитетот на живот и условите за семејствата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс